Тешка несреќа во Македонија: Изгубил контрола и удрил во бандера

 

Момче се здобило со тешки телесни повреди во сообраќајка во Неготино. Имено, како што информира МВР, вчера во 21:50 часот на регионален пат Градец-Гостивар, во село Неготино, 18-годишниот Б.О. од село Неготино, управувајќи патничко возило „Мерцедес“ со гостиварски регистарски ознаки, изгубил контрола над возилото и удрил во бандера.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил возачот Б.О. и бил пренесен во Медицински центар Гостивар.  Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од Полициската станица Гостивар. 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

09.07.2019 - 16:42

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа