Тешка несреќа во Македонија - маж почина на лице место

 

Според информации на МВР, маж починал во сообраќајна несреќа во Берово. Вчера во 19:45 часот на ул. ,,Вељко Влаховиќ“ во Берово 75-годишниот Ѓ.Р. од Берово, управувајќи патничко возило ,,Југо Корал 55“ со штипски регистарски ознаки, изгубил контрола над возилото и удрил во столб.

Од ударот Ѓ.Р. починал на местото на настанот. Увид извршила екипа од Полициската станица Берово, а по наредба на Јавен обвинител  телото на починатиот било предадено на семејството. 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

09.07.2019 - 16:24

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа