Спасовски за вчерашниот вооружен грабеж на НЛБ: „Не се само македонски државјани“

Имаме одредени индиции за групата поврзана со грабежот на банка вчера, која е мешана, не е само со македонски државјани, информираше денеска министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во Кавадарци, одговарајќи на новинарско прашање за вчерашниот вооружен грабеж на банка.

Посочувајќи дека ова е трет случај од минатата година, тој нагласи дека кога станува збор за вооружените грабежи, начинот отприлика е ист. Спасовски не откри повеќе детали заради, подвлече, истрагата.

Потсети дека  покрај вооружените грабежи, имавме и такви од вработените или лица кои имаат пристап.

– Ги реализиравме до крај, тоа беа грабежот во Тутунска и Шпаркасе банка и така натаму, изјави Спасовски и нагласи дека се работи многу посветено  за да се расчистат сите овие случаи. 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

09.07.2019 - 14:56

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега