МВР за претресувањето на Манојловски - Полицајците не знаеле дека е пратеник

Министерството за внатрешни работи одговори зошто пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Горан Манојлоски, бил претресуван денеска на кружниот тек во Ѓорче Петров. Тие велат полициските службеници не знаеле дека Манојлоски бил пратеник и дека по проверката му било дозволено да си оди.

- „Полициски службеници од ПС Ѓорче Петров биле поставени на позиција во врска со извршено кривично дело и вршени се проверки на возилата на граѓаните, а меѓу нив и на Г.М., без притоа воопшто да знаат дека станува збор за пратеник. По извршената проверка , на лицето му е дозволено да си оди без никакви проблеми“, велат од МВР за Фокус.

Манојловски претходно напушти седница во знак на револт, како што кажа, поради инцидент што му се случил на пат кон Собранието.

Имено, Манојлоски рече дека утрово кога одел на работа кон Собранието на кружниот тек во скопската населба Ѓорче Петров бил запрен од страна на вооружени полицајци кои, како што посочи, и покрај тоа што им кажал дека е пратеник му рекле да излезе со цел да извршат претрес внатре во возилото.

Тој рече дека нема да се враќа на работа во собраниските комисии додека не добие официјално известување од страна на министерот за внатрешни работи или МВР  во врска со настанот. 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

08.07.2019 - 12:33

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега