Избегната голема трагедија: Македонски автобус полн патници се запали кон Сплит

Автобус на „Хафет турс“ кој се сообраќал на релација Скопје-Сплит, утрово во 3 часот се запалил во возење во близина на црногорското летувалиште Петровац, а за среќа нема повредени, пренесе Охридњуз.

Според порталот, сите патници за кратко време го напуштиле автобусот, кој е речиси уништен од пожарот.

Според сведочењето на дел од патниците, немало паника во автобусот, сите излегле од автобусот, а двајца патници го извадиле и багажот од автобусот, по што дошле брзо и од противпожарната екипа.

Потоа, патниците заминале со друго возило од компанијата.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

30.06.2019 - 12:53

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа