Џафери се разлути: Еднаш Груевски ми истури вода, не си играјте со мене

Пратеникот и лидер на Алијанса за Албанците Зијадин Села денеска обвини дека сме држава-убиец и апелираше кај премиерот Зоран Заев да направи реформи во правдата.

- „Ако следен пат ги приведат и бараат организатор, јас ќе земам спреј и овде над вашата глава Џафери, ќе напишам ’Доле ДУИ!’ и ќе се пријавам за организатор на пишувањето графити", рече Села.

Џафери не му остана должен:


- „Мене само еднаш овде ми истурија вода на глава и јас тоа нема повеќе да го толерирам. Не си играјте со моето трпение!”, рече тој потсетувајќи се кога Груевски дојде на седница и истури вода на него.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

27.06.2019 - 14:44

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа