Полицијата во акција- „летаа“ казни во Скопје

Откриени и санкционирани повеќе од 200 возачи кои ја пречекориле брзината на движење или возеле под дејство на алкохол, во акциска контрола во текот на изминатата ноќ во периодот од 22:00 до 04:00 часот на Одделението за безбедност на сообраќајот при Секторот за внатрешни работи Скопје.

Како што информира МВР, притоа санкционирани се 55 возачи кои ја пречекориле брзината, за што им се изречени исто толку мандатни казни, а откриени се 64 останати прекршоци за кои се издадени 27 мандатни платни налози и 37 прекршочни платни налози.

Одделението за безбедност на патниот сообраќај спроведе акциска контрола и за управување на моторно возило под дејство на алкохол на подрачјето на Скопје. Притоа санкционирани се 24 возачи за што им се изречени исто толку мандатни казни. Откриени се 79 останати прекршоци за кои се издадени 44 мандатни платни налози и 35 прекршочни платни налози. 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

23.06.2019 - 10:06

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега