Тешка несреќа во Македонија: Излетале од пат и се забиле во жардињера

Околу 17.20 часот на булеварот „3-та МУБ“ во Куманово, патничко возило „Мерцедес“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од 22-годишниот Ф.Д. од селото Ваксинце, општина Липково, излетало од коловозот и удрило во жардињера.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил возачот Ф.Д. а сопатничката, 19-годишната Ф.С. од Лопате, кумановско, се здобила со телесни повреди.

Двајцата биле пренесени во Ургентен центар Куманово, каде им била укажана помош.

Увид на местото извршила екипа од СВР Куманово.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

15.06.2019 - 11:25

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега