На Турчинот кој ја претепа српската манекенка му е одземена лиценцата за работа како психолог- претепал пациент

Чагриј Тортоп, турчинот кој брутално ја претепа српската манекенка Тања Џоковиќ, доживотно му е одземена можноста да се бави со психологија, бидејќи пред година денапретепал пациент за време на сеанса.

Имено, Турчинот за време на сеанската му удрил шамар на пациентот.

„Иако заврши психологија и подолго време работеше како психолог, пред извесно време му е одземена дозволата за работа откако му удрил шамар на пациент, одземена му е дозволата и забрането му е доживотно да се занимава со таа професија.

Јасно ни е дека таа девојка не ја претепало обично момче, туку експерт за психологија, кој и те како бил присебен и знаел што прави додека ја злоставувал“ вели изворот упатен во случајот и нагласува дека тој веќе неколку пати ималч проблем со полицијата.

„Дека се работи за манијак кој е опасен за околината, јасно е по тоа дека тој неколку пати е приведуван поради тепачки, а од Литванија е депортиран поради тепачка со Литванци.Таква личност на крајот ќе убие некого, а се чини дека никого не го интересира тоа„ навел изворот.

Потсетуваме дека тој ја претепал својата девојка, ја држел заклучена по цел ден и ѝ нанел тешки повреди по лицето главата и телото, по што таа успеала да побегне и да го пријави.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

14.06.2019 - 11:57

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега