Македонците ги спакуваа куферите и тргнаа во Грција - „Врие" на Граница

 

На граничниот премин „Богородица“ уште од синоќа, а особено денеска има колони возила поради продолжениот викенд.

Од дежурната гранична служба за МИА изјавија дека во овие моменти автопатот е полн со автомобили до казиното „Принцес“ и дека за поминување на границата кон Грција се чека од 40 до 50 минути и покрај тоа што автомобилите границата ја минуваат низ сите шест сообраќајни ленти.

И на другата страна од границата состојбата е речиси иста. 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

14.06.2019 - 09:48

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега