Димовски: Отсуството на датум за ЕУ јасен знак дека нешто не е во ред

Во вечерашното издание на Топ Тема на телевизија Телма, пратеникот од редовите на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски потенцираше дека отсуството на датум за преговори со Европската Унија за Република Македонија е јасен сигнал дека нешто не е во ред со државата.

Одолговлекувањето на носењето на заклучок во Бундестагот според него е поучна лекција за македонската влада, дена сепак нешто не е во ред. -Знаете што забораваме да споделиме дека никогаш постапката изминативе 10 години не ни сме знаеле како одела во врска со извештаите на ЕУ. Јас го разбирам тоа како културен пристап и не затворање на врати како што кажа колегата Зендели, туку поучна лекција спрема Република Македонија дека сепак нешто не е во ред, но изговорот е дека постапката во Бундестагот оди бавно.

Тоа никогаш досега не било ситуација, ние никогаш не сме разговарале за постапките во Бундестагот, а поврзани со извештаите на ЕУ. Никогаш не сме имале дилема каков е односот на Германија за нашата амбиција, вели Димовски.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

13.06.2019 - 21:20

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега