Јанева: Чека може да си ги преземе „бомбите“ од „Јутјуб“

Шефицата на СЈО, Катица Јанева, на која на 15 септември ѝ истекува мандатот, два и пол часа го презентираше шестмесечниот извештај за работата на СЈО, пред Советот на јавните обвинители.

Таа по седницата рече дека членовите на Советот биле задоволни и рекле дека извештајот е исцрпен со многу детали, пренесува А1 он.

„Не се интересираа за конкретни предмети, туку за бројките“, рече Јанева. Шефицата на СЈО, кажа дека ако ја викнат ќе го презентира извештајот на СЈО и во Собранието.

Во врска со вештачењето на бомбите кои беа пронајдени кај Љупчо Палевски и Захир Бекири Чауш, рече дека предметот се работел, ама документацијата била многу обемна и оти вештачењата не биле завршени.

„Немаме уште јавнообвинителска одлука“, рече Јанева.

Обвинителката на прашање за бомбите кои се објавуваат од „Фејсбук“ профилот на Ел Чека, не беше конкретна: „Па тие се јавно објавени, може да си ги преземе од ‘Јутјуб’. Што да кажам за тие…“, рече Јанева.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

13.06.2019 - 14:40

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега