Ѓоргиев: Можно е заедничко чествување на Гоце Делчев

Академик Драги Ѓоргиев, кој е на чело на македонскиот експертски тим, во изјава за Слободен Печат вели дека наспроти реакциите во јавнота и во Македонија и во Бугарија 7. октомври да се слави и во двете држави, простор за компромис секако дека постои. Не е исклучено тоа да биде и 4 мај денот на загинувањето на Гоце Делчев,  датум кој и двете држави го одбележуваа засебно и досега.

„Неприфаќањето на нашиот предлог 7 октомври да биде датум за заедничко чествување е само една фаза од преговорите меѓу двете комисии. Аргументите од Бугарска страна се повеќе политизирани“- смета академик Ѓорѓиев,  бидејќи повоениот период кога Бугарија доборволно и ги предаде посмртните останки на Гоце Делчев на Македонија тие го сметаат за комунистички, режимски и „предавнички“ на бугарските национални интереси.

„Разговорите за чествувањето на ликот и делото на Гоце Делчев не се прекинати, напротив продолжија. Ние повеќе треба да се концентрираме на тоа зошто денес е важен Гоце Делчев за нас и за нив. Зошто ние го славиме, зошто тие го слават, и да најдеме решение.  Секое наметнување на исклучив став од која било страна и чувство на триумф на едниот над другиот, дека едниот го победил другиот, е апсолутно деструктивно за работата на комисиите, вели за Слободен печат, акадмеик Ѓорѓиев.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

13.06.2019 - 13:48

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега