Заев на Фејсбук: Уверени сме дека годинава ќе ги почнеме преговорите со ЕУ

Уверени сме дека Северна Македонија ќе ги започне преговорите со ЕУ оваа година, напиша на својот профил на „Фејсбук“ премиерот Зоран Заев.

Во текстот се додава:

„Канцеларката Меркел нѐ информираше дека Бундестагот ќе донесе одлука во септември за одобрување на старт на преговорите на ЕУ со Северна Македонија, согласно утврдените процедури на СР Германија за прашањата за проширување на Унијата. На средбата канцеларката потенцираше дека Северна Македонија го испорача очекуваното и дека таа и Берлин на тоа гледаат многу позитивно.

Во СР Германија, како и во другите земји членки, неоспорно се признаени резултатите од реформите кои се потенцирани во извештајот на Европската Комисија и дека позитивно се гледа на препораката на ЕК за започнување на преговори за членство во ЕУ“, напиша Заев.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

13.06.2019 - 12:51

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега