Љубчо Георгиевски: Гоце Делчев бил директор и учител во бугарското училиште

Поранешниот премиер на Македонија, Љубчо Георгиевски изјави дека Гоце Длчев бил учител и директор во бугарско училиште.

„На кое училиште во Штип, Гоце Делчев беше директор?

Одговорот е многу едноставен. Гоце Делчев беше учител и директор во Бугарското училиште во Штип.

Тогаш немаше Македонски училишта, имаше Српски, Грчки Бугарски, е зошто Гоце Делчев избрал да биде директор во Бугарското училиште?

И не само Гоце Делчев, и Дамјан Груев, Ѓорче Петров, Никола Карев, Пере Тошев, сите тие беа учители на Бугарските училишта во Република Македонија.

Ние сами бегаме од некои работи кои се јасни ко два и два“- изјави вчера Љупчо Георгиевски.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

13.06.2019 - 12:09

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега