Регионот зафатен од пеколно жежок бран: Во Србија издадена црвена, а во Македонија жолта алертна фаза

Балканот го зафати пеколен бран и донесе високи температури во целиот регион, но и екстремно висок индекс на УВ зрачење.

Во Србија е издадено предупредување  дека се очекува црвено ниво на УВ индекс кој е опасен за човечкиот организам, па надлежните апелираат да не се излегува од 11 до 17 часот.

Исто така и Македонија денеска ќе биде зафатена со температури од жолта алертна фаза. Температурата ќе се искачи до 38 степени целзиусови, поради што се апелира до граѓаните да се заштитат од директна сончева изложеност, да избегнуваат престој на отворено во периодот од 11 до 17 часот, да носат светла и лесна облека. При директна изложеност на сонце се препорачува носење на заштитни очила и капа.

На хронично болните лица им се препорачува редовно земање на пропишаната терапија.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

13.06.2019 - 11:37

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега