Груби за седницата за пописот: Не обезбедивме претставник од ЕУ за Извештајот на ЕК

Причина за одложувањето на  денешната седница на Комисијата за европски прашања е тоа што Комисијата не успеала да обезбеди претставник од Мисијата на ЕУ, ниту пак да поканат претставници на дипломатскиот кор и други гости, имајќи предвид дека покрај  Предлог-законот за попис, на дневен ред е и Извештајот на ЕК, посочува за МИА претседателот на ова собраниско тело Артан Груби.

– Комисијата ја закажавме во петокот попладне, но на дневен ред е и Извештајот на ЕК, па поради краткиот период за подготовка, затоа што за жал времето за подготовка беше многу кусо и за време на викенд, не успеавме да осигураме претставник од Мисијата на ЕУ, ниту да го поканиме дипломатскиот кор, невладините и други гости, наведува Груби без да наведе за кога е одложена седницата на Комисијата.

На собраниската веб-страница нема нов датум за одржување на седницата на Комисијата.

Пратеници од СДСМ велат дека синоќа Комисијата на седницата била одложена од страна на претседателот Груби без образложение.

За ВМРО-ДПМНЕ, пак, со законот за попис и идејата за една изборна единица власта се обидува да ја дефокусира јавноста од недобиениот датум за преговори, економската „0“ и други прашања.

-Премиерот подолго време најавува реконструкција и одеднаш во јавноста се пласираат две многу големи и тешки прашања -законот за попис и за една изборна единица. Оттука може да станува збор само за нов обид на премиерот Зоран Заев за трговија со лажни државни и национални интереси, вели портпаролот на опозициската партија Наум Стоилковски. 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

10.06.2019 - 09:49

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа