Шеснаесетгодишно девојче заразено со морбили сè уште се бори за живот

Шеснаесетгодишно девојче со церебрална парилаза и компликации предизвикани од морбили веќе седма недела се бори за живот на Инфектвната клиника.

Нејзината состојба не се подобрува, велат од Инфективна за Алфа. Во болнички кревети поради компликации од мали сипаници, тука лежат уште 6 деца и 18 возрасни.

На Детската клиника пак, хоспитализирани се две дечиња на едногодишна возраст.

-На одделот за интензивно лекување и понатаму продолжува лекувањето на двете пациентки – 16 годишна пациентка со церебрална парализа и епилептични напади поради масивна пневмонија настанати по заболување со морбили, и 39 годишна пациентка со дијабет која е во подобра состојба. Двете се од Скопје, невакцинирани. На одделите со посериозна клиничка слика има двајца возрасни пациенти, велат од Инфективната клиника.

Во меѓувреме, морбилите не ги одминуваат ниту здравствените работници. Вчера на Инфективна поради симптоми на мали сипаница, помош побарала медицинска сестра на Клиниката за детска хирургија.

Поради поголем број на заболени лекари, претходно се затвори и хируршкото одделение при струшката болница. Од Инспекторатот за Алфа велат дека се уште се прибираат податоците за вакциналните статуси на сите здравствени работници, како и за текот на имунизацијата за болничкиот персонал. Велат, ако се утврди дека директорите не постапувале по наредбата за вакцинирање на работниците, ќе бидат санкционирани.

Последните статистики на Институтот за јавно здравје, бележат над 1.700 заболени од почетокот на епидемијата.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

03.06.2019 - 17:21

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега