После врнежите, драстична промена на времето - нов циклон во Македонија

Првиот изразен бран конечно доаѓа во Македонија, поточно поради формирање на длабок циклон  над Атлантикот од петок па натаму од југ кон нашите краишта ќе започне да продира значително потопла воздушна маса и ќе услови многу повисоки летни температури на воздухот, информира метеорологот Славчо Попоски. Сепак, и покрај постабилната атмосфера сепак не се исклучува можноста за изолирана појава на нестабилност проследена со краткотраен пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Максималните дневни температури на воздухот од петок па во текот на следните денови по петок ќе се искачуваат во интервалот од 25 до 33 степени додека во централните  и во југоисточните предели истите ќе се искачат до 35 степени.

Поради првиот поизразен топол бран и УВ индексот ќе биде многу повисок и ќе има коефициент од 9 до 10 па така истиот ќе биде екстремно висок, па доколку излегувате задолжително со себе да си понесете заштитна опрема односно капа и очила за сонце.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

03.06.2019 - 17:04

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега