Пендаровски- Стјуарт: унапредување на економската соработка и трговската размена со Австралија

Претседателот, Стево Пендаровски, денеска ја прими Рут Карис Стјуарт, амбасадор на Австралија во Република Македонија, со седиште во Белград.

На средбата беа разменети мислења за билатералните односи меѓу Република Северна Македонија и Австралија, како и информации за актуелните случувања во двете земји.

Претседателот Пендаровски го потенцираше интересот на Република Македонија за можностите за унапредување на економската соработка и трговската размена.

Претседателот Пендаровски го истакна значењето на македонската заедница во Австралија за унапредувањето на односите меѓу двете држави.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

03.06.2019 - 16:33

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега