Судот му го вратил пасошот на Камчев - СЈО на ТВ го видело во Келн

Судијка на претходна постапка од Основниот суд Скопје 1 му го вратила пасошот на осомничениот бизнисмен Орце Камчев, кој беше под мерки на безбедност во истрагата на СЈО „Империја“, а СЈО го виделе на натпреварот на европските шампиони Вардар во Келн.

- „На втори мај 2019 година до Специјалното обвинителство е доставен предлог да се даде дозвола за времена патна исправа на осомничениот Камчев. Таа дозвола СЈО ја даде. Но, до денеска од Основниот суд Скопје 1 го немаме добиено решението дека судија на претходна постапка времено му го вратил пасошот на осомничениот. Патем, остануваат мерките за безбедност против него“, велат од СЈО за САКАМДАКАЖАМ.МК.

СЈО не знае кога го добил пасошот и до кога ќе може да шета. 

Според законот, на осомничени што се под безбедносни мерки, судот, во согласност со обвинителот, за специфични и оправдани причини, кои најчесто се здравствени, им го дава привремено одземениот пасош назад.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

03.06.2019 - 15:36

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега