Алијанса на Албанците се жали: Албанците се жртви на „Комитите"

Од Алијанса на Албанците денеска побараа да се расчисти случајот и МВР да реагира, за како што велат навредите од Комитите.

- Жално е кога група на навивачи, кои и на прославата на победата на  својот тим, ја искористи можноста да ги понижува Албанците и промовира   меѓуетничка омраза. Односот на Комитите покажува примитивен менталитет   и е бесмислен, бидејќи наместо да се радуваат на победата на нивниот тим, ги навредуваат Албанците! Овој феномен многу често се случува, како во случај на загуба па така  и на победа, со години наназад. Многу често невини Албанци биле жртви  на оваа група на навивачи, а малтретирањето отишло и до уништување на  нивните имоти, и за чудо, досега, никој нема одговорено, велат од Алијанса на Албанците.

Додаваат дека Комитите се охрабрувани за постапките и и прешле во навика.

- Го повикуваме Министерството за Внатрешни Работи, под итно да преземе   мерки против лицата и навивачките групи кои промовираат меѓуетничка   омраза и промовираат говорот на омраза, и тоа не само внатре во   стадионите, туку и надвор од нив, па се до плоштадот во Скопје, како  што беше случај минатата ноќ со Комитите, навивачи на Вардар!, велат од таму.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

03.06.2019 - 14:42

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега