Познат актер загина во сообраќајна несреќа во БиХ - неговиот брат беше убиен пред две години

Во тешката сообраќајна несреќа која се случи вчера кај местото Грудско Врило во БиХ, загина 48-годишниот хрватски актер Јосип Зовко. Во судирот учествуваа две возила, а возачот на другото возило е пренесен во болница во Мостар.

Хрватскиот актер загина на лице место, а ова е втора трагедија во семејството Зовко, откако во мај 2017 година во Макарска, Хрватска, ладнокрвно беше убиен братот на Јосип, Анте.

Тогаш, 46-годишниот трговец со автомобили беше ликвидиран од страна на бизнис-партнерот, кој неговото тело го фрли во септичка јама.

Анте се водел како исчезнат повеќе од месец дена, по што неговиот партнер и убиец извршил самоубиство.

Неколку дена по самоубиството, полицијата ги склопила делчињата од мозаикот и го пронашла телото на убиениот Анте.

Јосип Зовко бил дел од педесетина претстави во регионот, а публиката го памети по улогите во филмовите „Верувам во ангели“ и „Да бев морско куче“.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

04.04.2019 - 17:32

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега