Режисерот Јани Бојаџи преку видео порака упати поддршка на кандидатот за претседател, Гордана Силјановска Давкова.

-Јас сум уметник,но верувам во правото и правдата исто онолку силно колку што верувам во убавото и возвишеното, затоа што знам дека без убавина нема правда и без право нема возвишеност. Но, јас верувам дека идната претседателка на Македонија, Гордана Силјановска Давкова ќе биде вистинскиот столб и чувар на овие вредности. Најпосле имаме возвишен избор. Да избереме правда - кажа Бојаџи во видеото.

-Благодарност до Јани Бојаџи за поддршката. Благодарност и до Марко, Дореана и Далип за испратените видеа. Испратете ми селфи фотографии да направиме видео, сите сплотени за едно, за Правда за Македонија, напиша Силјановска на својот Фејсбук споделувајќи го видеото.

Бојаџи, во јавноста стана актуелен откако неговиот филм „Ругање со Христос“ наиде на цензура од страна на властите во Македонија, односно Министерството за култура го забрани неговото емитување.