Скопјанец каснат од куче - На Инфективна нема тетанус

Во 13.40 часот во Полициската станица Центар, 67-годишниот П.К. од Скопје  пријавил дека истиот ден околу 10.15 часот на улица „Македонија“ бил каснат од куче скитник во пределот на  левата потколеница.

Инаку, вчера Сител обелодени дека нема тетанус на Инфективната Клиника откако мајка од Скопје раскажа дека за пресеченото дете трчала по сите аптеки за да најде тетанус.

Нејзиното дете се исекло на раката од оградата во училиштето. На Клиниката за Инфективни болести речиси една недела ја немаат оваа терапија која е неопходна за пациенти каснати од куче или со исекотини на телото. Иако синот на Марина е редовно вакциниран согласно календарот за имунизација, матичниот лекар им кажал дека треба вакцина поради сериозноста на повредата, јавува Сител.

-Се повреди вчера на оградата во училиштето. Го однесовме во болница таму ја сошија раната а матичната не упати на Инфективна за тетанус вакцина. Немаше, ја барав сегде и од Инфективна прво велат нема потреба, ама матичната кажа мора и јас несакам да ризикувам со здравјето на моето дете, вели Наумоска Марина за Сител ТВ.

Од Инфективна за Сител потврдиле дека немаат тетанус вакцина и серум. Ги потрошиле количините бидејќи имаат зголемен број на пациенти кои имаат потреба од ваква терапија а кај нив доаѓале и од другите градови. Нејасно е што прават пациентите ако не најдат лек во аптека.

Инаку, билтените секојдневно се полнат со вести за каснати од кучиња и тоа на најфреквентните места во градовите.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

04.04.2019 - 11:05

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега