Оваа патика повторно го подели светот: Која боја ја гледате?

На интернет повторно се појави фотографија која предизвика расправа на социјалните мрежи. Фотографијата од патика од ова утро се шири на интернет, а корисниците на социјалните мрежи се расправаат дали станува збор за сиви патики со тиркизни детали или во прашање е розово-бела комбинација на бои.

Ела Дворник признала дека на прв поглед забележала розова и бела боја, а кога втор пат ја погледнала фотографијата, гледала комбинација од сива и тиркизна нијанса.

“Кога првпат ја видов фотографијата, гледав розово и бело и не ми беше јасно како луѓето гледаат сиво и тиркизно. Сега по еден час гледам сиво и тиркизно. Не ми е јасно, може ли некој да ми објасни? Што гледате?”, се запрашала Ела, а фотографијата го освои интернетот.

Која боја вие ја гледате?

 

 

 

Добивајте вести на Viber

04.04.2019 - 10:58

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега