ФОТО: Јаазикот буквално му изгорел од овој пијалок - одлучил да го сподели своето искуство на Фејсбук

Секојдневниот недостаток на енергија луѓето ја надоместуваат со внесување на енергетски напиток, а кога со тоа ќе се претера, последиците може да бидат штетни и по здравјето.

Иако помага да се совлада заморот, дополнува батерии, па и не разбудуваат во моменти на слаба концентрација, ваквите видови пијалоци имаат и многу негативни ефекти врз нашиот организам.

Ден Ројалс доаѓа од Австралија, а во моментов живее во Азија каде работи како учител. Имал обичај да испие 5 до 6 енергетски напитоци за да го истурка денот. Тогаш забележал дека му се појавуваат пликови по јазикот и дека кожата му се лупи. Исплашен, отишол на забар.

-Кој пие енергетски пијалоци и навлечен е на нив? Можеби треба повторно да размислите... Се до скоро кога почнав да пијам по 5-6 на ден поради недостиг на енергија за подучување деца немав проблем. Ги мијам забите секој ден, отидов на лекар и бум! Открив дека хемикалиите од овој пијалок се виновни за ова...Буквално ми го нагризуваа јазикот - напишал несреќниот човек на својот Фејсбук профил.

Она што го велат експертите е дека енергетските напитоци може да доведат до предозирање со кофеин, мачнини, висок крвен притисок и смрт. Високо ниво на кофеин доведува и до намалување на инсулинска резистенција и со тоа до дијабет тип 2. Стоматолозите исто така предупредуваат дека голема количина шеќер и киселина во енергетските пијалоци може да ги оштетат забите.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

30.03.2019 - 12:25

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега