Ердоган: Сирија ќе ја решам после изборите, ако е можно на терен

Турција ќе го реши проблемот на Сирија „на терен“ после локалните избори во недела, изјавил претседателот на Турција, Реџеп Тајип Ердоган.

„Правата работа после изборите, ќе биде решавање на проблемот Сирија на терен, ако е можно, не на маса“, рекол Ердоган на предизборното собрание во Истанбул.

Турската новинска агенција потсетува дека Турција спровела две акции против курдските сили на северот во Сирија и предупредила дека ќе продолжи со офанзиви се додека заканата на границата меѓуТурција и Сирија, не се отстрани.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

30.03.2019 - 11:46

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега