ВИДЕО: На денешен ден пред 170 години Нијагарините водопади целосно запреле - сите мислеле дека е крај на светот

Било 30. март 1848 година која Нијагарините водопади запреле. Водата воопшто не течела едно 30-40 часа, па жителите почнале да паничат.

Водопадите веќе во тоа време биле голема туристичка атракција, па американските и канадските странски куќи биле претворени во сместувања, а околи реката биле изградени млинови и хидроелектрани.

Кога водата запрела, млиновите и фабриките престанале да работат. Можело да се види коритото на реката, рибите угинале, желките талкале наоколу. Мештаните почнале да шетаат по подрачјето по кое течела водата, а можеле да наидат на заостанати пиштоли, бајонети и томахавки кои ги чувале како сувенири.

Помислиле дека доаѓа крајот на светот.

Набрзо од Бафало стигнала вест дека силните југозападни ветрови ги поместиле огромните ледени блокови до езерото Ири со што се блокирал патот кон реката Нијагара, па така настанала замрзната брана. 

Вода немало до 31. амрт утрината, а потоа се слушнала добро познатата бука во далечина. Одеднаш  се повторно се исполнило со вода. Ледената брана се срушил и реката можела повторно да тече.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

30.03.2019 - 10:52

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега