СДСМ: Не Мицкоски тоа не се патриоти, за обид за убиство се одговара

СДСМ вечерва со соопштение до Мицкоски.

Не Мицкоски, обид за убиство, државен удар, не е патриотизам туку насилство и за тоа се носи одговорност!

 Било какви обиди да се оправда насилството на 27 април е недозволиво.

 

 Граѓаните гледаат каква омраза излегува од устата на Мицкоски.

 

 Однесувањето на Мицкоски е идентично како неговиот ментор и шеф, Никола Груевски.

 

 Режимската матрица на Груевски живее во Мицкоски. Тоа е истата матрица која 11 години ја тероризираше земјава и нејзините граѓани, спроведуваше линч кон неистомислениците и која впрочем го организираше насилството на 27ми април.

 

 Изјавите на Мицкоски немаат никаква врска со правото, судовите се независни и тие носат одлуки дали некој е виновен или не.

 

 27ми април е најтрагичниот ден од независноста до денеска. За нарачателите и извршителите на тоа насолство одговорност мора да има.

 

 Република Северна Македонија е правна држава а Мицкоски брани насилници и ништо повеќе.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

15.03.2019 - 23:06

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега