ВИДЕО: Ова е новата гордост на Ердоган - отворена најголемата џамија во Турција

Чамлиџа е најголемата новоизградена џамија во модерна Турција, која е отворена за верниците, сместена на брдото на азиското крајбрежје на Босфор, од каде погледот се шири кон целиот Истанбул.

Џамијата е изградена во османлиско-селџучки стил со елементи на модерна градба и поради изгледот и положбата веќе претставува впечатлив симбол на градот Босфор.

Импознатниот комплекс покрај џамијата содржи и музеј, уметничка галерија, книжарница, конференциска сала, уметничко ателје и голем паркинг.

Џамијата е инспирирана од делата Мири Синан, но не е негова копија.

Димензиите на џамијата се полни со симболика. Главната купола на џамијата е висока 72 метри и претставува 72 нации настанати во Истанбул, додека другата купола е висока 34 метри и симболизира регистерка ознака на тој град. Во внатрешноста на куполата се напишани 16-те имиња на Алах, а на површината од 22 метри ќе биде испишана Surah Al-Fath.

Џамијата може да прими повеќе од 60.000 верници (околу 25.000 во внатрешноста, 12.500 во дворот и 22.500 со надворешниот двор).

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

08.03.2019 - 14:49

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега