ВИДЕО: Целосна темнина во Венецуела - снема струја ширум земјата, Мадуро обвинува за саботажа

Поголемиот дел од Венецуела остана без електрична енергија, вклучувајќи го и главниот град Каракас, а администрацијата на претседателот Николас Мадуро ја обвинува опозицијата за саботажа.

Прво Каракас беше завиен во темнина, а потоа останатите делови од земјата.

Владата на Николас Мадуро ја обвини опозицијата за саботажа. Снемувањето на електрична енергија довело до тоа летовите до Каракас да бидат преусмерени, а стотици работниците морале да одат дома шечки, бидејќи метрото било затворено и се создале големи сообраќајни гужви.

Електрична енергија снемало кога владеат тешки тензии по повод обидот на опозицијата на чело со Хуан Гваидо да го смени Мадуро од власт. Гваидо има поддршка од поедини латиноамерикански држави и САД. Тој изјавил дека снемувањрто на струја довело до „хаос, грижа и бес“ и дека тоа е доказ на „неефикасноста на узурпаторот“'.

„Светлото ќе се врати кога Мадуро ќе биде тргнат од власт“, рекол лидерот на опозицијата.

Американскиот державен секретар Мајк Помпео го обвини Мадуро за некомпетентност.

„Нема храна. Нема лекови, а сега нема ни струја. Следно е да го нема Мадуро“, напиша Помпео на Твитер.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

08.03.2019 - 14:06

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега