Ердоган започнува прокет вреден милијарди долари - стар град ќе биде потопен, а луѓето ќе бидат раселени

Претседателот на Турција, Реџеп Тајип Ердоган, рекол дека Турција во јуни ќе започне да го полни акумулационото езеро на Илис, браната на реката Тигар, и покрај протестите на Ирачаните кои минатата година поради браната претрпеле голем недостиг на вода.
Влијанието на браната, која за турскиот југоисток создава 1.200 мегавати електрична енергија, е критикувано и во Турција и во Ирак. 
Иранската влада вели дека спуштањето на браната ќе предизвика недостиг на вода на една од двете реки од кои зависат резервите на вода во таа земја.
Во Турција поради браната ќе биде потопен градот Хасенкејф, стар 12.000 години, а неколку илјади луѓе ќе бидат раселени.
Ердоган во изборната кампања навел дека проектот "Илис" е вреден 8,5 милијарди лири или 1.6 милијарди долари, а на турската економија ќе и носи околу 270 милиони долари годишно.

 
„Со божја волја, ќе почнеме со полнење на браната на 10-ти јуни", рекол Ердоган.
Турција минатиот јуни почнала да ја полни браната, но по жалбите на Ирак дека водостојот е многу намален, престанала.
Минатата година поради недостиг на вода во Ирак, на сила стапила забраната за садење на ориз и многу земјоделци морале да ги напуштат своите имоти.
Кампањата против браната безуспешно го ставила проблемот пред Европскиот суд за човекови права, наведувајќи дека ќе дојде до уништување на културно наследство.
Судот минатиот месец го отфрлил случајот и истакнал дека зачувувањето на културното наследство е во надлежност на турските власти.
 

 

 

Добивајте вести на Viber

08.03.2019 - 12:32

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега