Починала од тага после морничавото злосторство - сопругот ја силувал нивната ќерка, па ја убил

Жена чиј маж е обвинет за силување и давење до смрт на нивната шестгодишна ќерка, никогаш не закрепнала од трагедијата и починала од последица на траума и скршено срце.

27-годишната мајка на две деца од Ростов, Ана Зубко, била во тешка депресија по трагедијата која се случила во нејзиното семејство. Пред шест месеци, сопругот на Ана, 28-годишниот Јарослав Олеиников, наводно ја силувал нивната шестгодишна ќерка Вероникa.

Безживотното тело на девојчето било пронајдено обесено во дворот, заедно со нејзината омилена играчка која била замотана околу нејзиниот врат. Судско-медицинскиот преглед покажал дека Вероника била неколку пати силувана пред да е задавена и обесена.

Олеиников е уапсен и одведен во притвор. Тој е обвинет за силување и убиство.

 

 

 

По погребот на својата ќерка, Ана била лишена од родителските права, а нејзиниот тригодишен син Иван е сместен во сиропиталиште. По трагедијата, менталната состојба на Ана драстично се влошила. Набрзо потоа, таа добила воспаление на белите дробови и одбивала да посети лекар, а кога конечно се појавила во болница, веќе било предоцна – таа починала шест месеци по својата ќерка.

Според зборовите на соседите, Ана и Јарослав биле нормално семејство, не правеле проблеми во соседството и биле изолирани. Таа работела како чистачка во супермаркет, додека тој бил невработен и се грижел за семејството. Како што велат изворите, девојчето не одело во градинка бидејќи ималo проблеми со говорот.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

08.03.2019 - 12:20

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега