Филипче: Минатата година се намали смртноста кај новороденчињата

Министерот за здравство Венко Филипче, денеска се обрати на презентацијата на проектот на Владата со Фондот за популација на Обединетите Нации за намалување на смртноста кај новороденчињата.

Тој информираше дека во 2017 година, на скопската гинекологија, починале 36 новороденчиња на 1.000 кои преживеале, а во 2018 година починале 24 новороденчиња.

 

– Тоа претставува пад на смртноста на новороденчиња од 30 проценти. Имавме многу проблеми, свесни сме дека смртноста на новороденчиња не се должи само на болниците, туку и на секундарното и на примарното здравство – изјави Филипче, пренесе Слободен Печат.

Во Македонија, во дури 34 општини, нема гинеколог, а според проценките на невладините, над половина милион жени на возраст над 12 години имаат ограничена примарна гинеколошка здравствена заштита.

Министерот за здравство вели дека имаат план како да се борат со недостатокот на гинеколози.

– Специјалистите гинеколози ќе можат да даваат здравствени услуги како матични гинеколози, конкретно ова е наменето за Македонски Брод, Демир Хисар, Крушево и Пробиштип каде имаат потешкотии за гинеколошка заштита – рече Филипче.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

08.03.2019 - 12:11

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега