Судијата честиташе 8. Март - Обвинета во „Титаник" бара честитката да е ослободителна пресуда

На почетокот на судењето за предметот Титаник, судијата Осман Шабани им го честиташе 8ми март на припадничките на понежниот пол, а обвинетата Биљана Бришковска побара шеститката да биде со позитивна пресуда, пренесе Слободен Печат.

Во „Титаник“, обвинети се и поранешен премиер Никола Груевски кој избега во Унгарија и на кого му се суди во отсуство, како и Кирил Божиновски, Гордана Јанкулоска, Билјана Бришкоска Бошковски, Илија Димовски, Мунир Пепиќ, Едмонд Темелко, Леко Ристоски, Кирил Тодоровски, Катерина Веловска, Станко Коруновски, Коста Марковски, Драгче Драгчески, Марјан Накевски, Гоце Јаневски, Џезми Ахмет, Роберт Давитков, Далибор Алешковиќ и Ленка Рашјаковска. Обвинет е и Јанакиески.

Тие се осомничени за злосторничко здружување, повреда на избирачкото право, повреда на слободата на определување на избирачите, поткуп при избори и гласање, уништување изборен материјал и злоупотреба на средства за финансирање изборна кампања.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

08.03.2019 - 10:48

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега