ФОТО: Во понеделникот купиле машина за алишта, а во вторникот не моежеле да си го најдат детето - затекнале морничава глетка

Американката Линдзи Меклевер на асвојот Фејсбук профил објавила статус со кој сакала да ги предупреди сите на опасностите кои демнат кај машините за перење алишта.

„Долго се мислев дали воопшто да го споделам ова со светот. Имав страв дека луѓето ќе ме осудат дека сум лоша мајка, а второ навистина е страшно повторно да се раскажува хоророт низ кој поминав со детето.

Во неделата нашата машина за алишта се расипа. Во понеделникот сопругот и јас купивме нова со врата напред, наместо како на претходната, горе. Ја инсталиравме додека клинците си играа околу нас. Неколку пати им реков дека не смеат да ја допираат. Рекоа „важи“.

Во вторникот утрината, не разбуди плачот на нашиот 4-годишен син. Толку силен што не можеше да зборува. Додека се обидов да разберам што му е, мојот сопруг скокна од кревет и тргна на долниот спрат. А, потоа и сама разбрав што вели мојот син.

Додека стигнавме во подрумот, мојата тригодишна ќерка Клое беше ЗАКЛУЧЕНА во машината која дојде до центрифуга и почна да се полни со вода. Врескаше, но тоа можеше само да се види, не и да се чуе. Успеавме да ја запреме машината и да ја отвориме вратата. Имаше модринки на глвата, но за среќа беше добро.

Благодарни сме што така испадна.

Ова го кажувам јавно, бидејќи навистина немавме свест за тоа колку оваа машина може да биде опасна. Во современиот свет опкружени сме со иновативни начини трагично да останеме без децата. За нас ова беше целосна новост.

Оваа фотографија настана откако ја најдовме и го притиснавме копчето за заклучување наменето токму за сигурност на децата. Исто така на машината најдовме и копче, за сигурност, поради кое машината нема да почне да работи ако не се притисне. Но, ниедно од тие копчиња не ја заклучува сама вратата. А, бидејќи не ја користевме машината, не ги погледнавме тие опции. Нашите деца затоа ја претресоа машината за нас. Затоа ја објавувам оваа фотграфија - ако имаше ваква машина, а децата ви се дома, задолжително притиснете ги сите сигурности копчиња“, напишала мајката.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

08.03.2019 - 10:07

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега