Шекеринска: Немам српски шпиони во кабинетот

Српскиот министер за одбрана Александар Вулин ја обвини Македонија дека станала центар на разузнавачки активности.

Според него, Скопје стана она што некогаш беше Будимпешта, центар на разузнавачките активности против Србија, простор каде што се обезбедува финансирање и поддршка на шпионите од целиот регион. 

„Цврстиот став на претседателот Вучиќ, дека Србија нема да ја прифати власта на амбасадорите го доведоа да биде постојано изложен на нападите на службите. Скопје стана простор од кој доаѓаат и ќе доаѓаат нападите врз Србија и претседателот Вучиќ“, вели Вулин во изјава за „Вечерни новости“по завчерашната средба на премиерот Зоран Заев со еден од водачите на српската опозиција, Драган Ѓилас.

 

Министерката за одбрана Радмила Шекеринска негира обвинувањата. 

Таа во изјава за „Независен весник” вели дека по добивањето влезница за членство во НАТО, ние самите сме побарале од меѓународните партнери да ни помогнат во спроведување на ветинг-процедурата врз вработените.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

19.02.2019 - 16:29

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега