Уште една номинација за Нобелова награда за Заев и Ципрас

Лидерот на Социјалдемократската партија на Црна Гора, Ранко Кривокапиќ, поднел формална номинација до норвешкиот Нобелов комитет овогодишната награда за мир да им се додели на премиерите на Македонија и на Грција, Зоран Заев и Алексис Ципрас поради решението на спорот за името.

- „Со овој историски договор затворено е прашањето кое ја блокираше европската и евроатлантската иднина на Македонија и создаваше јаз меѓу двете држави“, изјавил лидерот на СДП.

Ова е втора номинација на Заев и Ципрас за Нобеловата награда за мир. Во декември лани во Скопје добитничката на Нобеловата награда за мир во 2015 година, Уидед Бушамауи, објави дека ги номинирала двајцата премиери за оваа престижна награда.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

12.02.2019 - 10:52

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега