ФОТО: Морничава глетка во зградата во која беше убиен Милош - искршено стакло, напишани и потресни пораки

Местото на кое пријателите палеа свеќа и оставаа цвеќиња за брутално убиениот студент Милош Милеусниќ, кој ѕверски бешње убиен од Недељко Ѓуровиќ, претходните денови е осквернавено, а наместо фотографијата која беше залепена од Милош, станарите пронашле искршено стакло.

Овие информации се појавиле на Фејсбук групата „Правда за Милош“, на која неговите пријатели покренале петиција за Недељко, кој е осомничен дека го убил студентот од Чачак, да добие доживотен затвор.

-Ова е местото каде што стоеше посмртницата на Милош заедно со цвеќиња и свеќи кои ги палеа многу другари, познаници! Наместо тоа сега стои едно искршено стакло! Во разговор со станарите на зградата утврдено е дека и тие палеле свеќи, и дека никој од станарите не е одговорен за ова - напишано е во групата.

Администраторите на страницата за ваквиот чин ги осомничиле луѓето блиски на Ѓуровиќ.

-Блиските луѓе на убиецот не се смируват! Ова е една голема срамота која мора да запре! Луѓе, зошто ваква омраза и бес? Каде ќе ви оди душата? Ако воопшто ја имате! Земен е еден млад живот без никаква причина! Ништо не ви е свето! - напишале гневните пријатели, додавајќи дека ова ќе ги натера да издржат во барањето на максимални казни.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

12.02.2019 - 10:23

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега