Оваа билка е спас за дијабетичари, го регулира шеќерот, притисокот и холестеролот - ќе ве воодушеви

За дијабетичарите, употребата на оваа билка е повеќе од препорачлива. Тоа е затоа што тој содржи многу влакна кои го регулираат нивото на инсулин и шеќер во телото. Коренот е богат со инулин, кој е добро познат по својата способност да влијае поволно на симптомите предизвикани од дијабетесот.

Коренот од оваа билка има позитивно влијание и врз имунолошкиот систем. Бидејќи изобилува со витамин Ц и Е, на телото му дава одлична доза антиоксиданти, со што се намалува ризикот од рак и спречува појава на други хронични и потенцијално животно загрозувачки состојби.

ОПИС НА БИЛКАТА:

Чичок (Arctium lappa) е двегодишна билка која има долг и сивокафеавкаст, вретенест корен. Во првата година се појавуваат големи приземни листови со дршки и неправилен срцевиден облик.

 

Во втората година расте исправено и се разгранува, па достига висина од 1 до 1,5 метар. Листовите се помали како се оди кон врвот на стеблото. Цветаат со главици со виолетово цевчести, густо збиени цветчиња, со боцки со кои лесно се закачуваат на облеката.

Растат покрај патишта, на ливади и необработено земјиште.

Лековит дел од билката: За лек се употребува корен, листови и семе. Двогодишниот корен се собира во пролет и есен, листовите додека сеуште се млади, а семето кога ќе биде созреано.

Коренот од чичок делува противотровно, ја чисти крвта и поттикнува потење и излачување на урината. Се користи за лекување на венерични болести, сите видови чиреви, скрофула, гихт, застарени ревматски болести, водени болести и труење со жива.

Коренот во продавниците може да се најде свеж (ретко) или сушен. Се препорачува секогаш пред консумирање да се свари, па дури потоа да се промеша со друг свеж зеленчук, како што се компир, морков или кромид. Важно е да се одбегнува корен од чичок кој ја изгубил својата природна боја или оној што е претерано сув, со оглед на тоа што пресушениот корен ги нема истите хранливи состојки.

Содржи полисахариди, особено инулин, па може да им помогне на оние што патат од опстипација. Со редовно консумирање на корен од чичок се нормализираат нивоата на шеќерот во крвта и холестеролот.

Важно е да се напомене дека подземниот дел на чичокот е богат со витамини и минерали, особено со фолна киселина, нијацин, рибофлавин и витамините Ц и Е. Покрај тоа, чичковиот корен е добар извор на калиум – во 100 грама има околу 308 милиграми од овој минерал. Исто така е богат и со други минерали, како магнезиум, железо, цинк, калциум и селен.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

12.02.2019 - 10:10

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега