Лоциран убиецот кој го бара цела Босна и Херцеговина - очи во очи со деца

Серискиот убиец Един Гачиќ, поранешен припадник на одредот „Ел Муџахедин“, кој веќе неколку денови се наоѓа во бекство конечно е лоциран. Според неофицијалните информации се наоѓа на локација на Хаџиќ, близу арапска населба.

Според неофицијални информации, полицијата му е зад петите на Гачиќ, а полициските службеници се на терен.

Извори за босанските медиуми велат дека човекот е виден со ранец на грб како трча на пруига преку подвозник во Хаџиќ во правец кон железничката станица.

Имено, децата кои биле таму присутни отишле до полициската патрола за да пријават. Истиот човек го видела уште една личност, па е пријавено во полиција, после што екипи се упатиле кон арапската населба.

Потрагата е проширена низ цела Босна и Херцеговина, а поддршка во потрагата пружила и полицијата од СБК и ЗДК.

Да потсетиме, Един Гачиќ последниве неколку денови е во бекство, а се сомничи дека убил две лица во рок од една недела, Суад Султаниќ и Махир Бегиќ.

Гачиќ и претходно бил во затвор поради убиства.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

12.02.2019 - 09:21

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега