„Шефе, ова ќе биде тешко“ - нови детали за несреќата во која српската водителка се здоби со тешки повреди

Водителката Деа Ѓурѓевиќ која на 7. февруари доживеа тешка сообраќајна несреќа, во која остана без една рака, закрепнува на интензивна нега, а од болничка постела испрати порака до сите кои ѝ пружиле поддршка.

Началникот на болницата, Мирослав Вукосавлјевиќ раскажал дека Итната помош исклучително професионално го извршиле својот дел од работата до приемот на Деа во болница, но истакнал дека и ладното време било среќна околност.

-Ми јавија во 06:29 часот и јас веднаш го известив дежурниот хирург доцент Барјактаревиќ, ортопедот кој се занимава со ваков вид трауми. Ме извести за тежината на повредите и рече „Шефе, ова ќе биде многу тешко, бидејчи станува збор за истегната лева рака над лактот - нерамни ивици, искинати лигаменти, крвни садови со различна ширина и обем“. Но, ние не се двоумевме дека треба тоа да го направиме - рекол Вукосавлјевиќ.

Тој додал дека поради шокот во кој Деа била, кој бил толку јак, немало ниту крварење.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

12.02.2019 - 09:12

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега