ВМРО-ДПМНЕ: Изборите се единствениот начин државата да излезе од ќорсокак

СДСМ се плаши од народот и затоа бега од избори. СДСМ знае дека ќе изгуби поради сите антидржавни политики кои ги спроведоа изминативе две години со кои ја понижија државата, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

Република Македонија во континуитет тоне со оваа власт и токму затоа СДСМ треба да смогне сили, да го стави државниот над партискиот интерес и да распише предвремени парламентарни избори заедно со претседателските на пролет. Смената на СДСМ е единствениот начин како државата да излезе од ќорсокакот во кој се наоѓа. Сите сегменти од општеството тонат. Состојбата е алармантна, а власта ништо не презема.

Парите од здравството наместо да завршуваат за подобрување на здравствените капацитети, одат за милионски набавки за фирми блиски до врвот на власта, фирми каде газда е таткото, а ќерката директор на болница и фирми кои се основани непосредно пред да биде распишан огласот.

Граѓаните заслужуваат модерно и ефикасно здравство. СДСМ тоа не може да го овзможи“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ. 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

12.02.2019 - 09:03

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега