Влада на РМ: Не го поставуваме натписот „Северна Македонија“ ја варосуваме фасадата пред церемонијата утре

 

Владиниот потпарол за Прес 24 вели дека не се поставува натписот „Севетна Македонија“ туку дека се варосува зградата.

Откако денеска беше отстранет знакот на кој пишува „Влада на Република Македонија“ ноќеска пред валдата имало паркиран кран кој чекал да ја постави новата табла на која треба да пишува „Влада на Северна Македонија“ , пишува Скопје 1.мк.

Сепак владиниот потпарол за Прес 24 вели дека се варосува владината фасада на места каде што била оштетена за утрешната церемонија за подигање на знамето на НАТО.

Официјалното прво подигање на знамето ќе се изврши во текот на утрешниот ден.

Денеска се поставуваа столици за гостите што ќе присуствуваат на свеченоста, а припадници на Гардата на АРМ ги вежбаа активностите што ќе треба да ги изведат.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

11.02.2019 - 22:50

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега