Кран пред Владата, вечерва ќе се поставува таблата „Влада на Северна Македонија“

Откако денеска беше отстранет знакот на кој пишува „Влада на Република Македонија“ ноќеска пред валдата имало паркиран кран кој чекал да ја постави новата табла на која треба да пишува „Влада на Северна Македонија“ , пишува Скопје 1.мк.

Инаку во текот на денот на платото пред зградата на Владата се извршуваат подготовки за церемонија за подигање на знамето на НАТО, коешто ќе има свое место пред Владата.

Официјалното прво подигање на знамето ќе се изврши во текот на утрешниот ден. Денеска се поставуваа столици за гостите што ќе присуствуваат на свеченоста, а припадници на Гардата на АРМ ги вежбаа активностите што ќе треба да ги изведат.

Натписот „Влада на Република Северна Република Македонија“, ќе биде поставен на македонски и на албански јазик.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

11.02.2019 - 22:30

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега