Следува леден северен ветер, дожд, снег и мраз – внимавајте доколку патувате

Како што најавивме претстојната ноќ ни носи нагла и голема промена на времето кај нас, односно ќе има врнежи најпрвин од дожд додека на планините ќе има врнежи од снег, локално особено на запад и север ќе има услови и за локални грмежи каде локално ќе наврнат над 20 л/м2 воден талог, соопшти метеорологот Славчо Поповски.

Во втората половина од оваа ноќ поради продор на многу постуден воздух ќе започне да дува северен ветер кој ќе засилува по интензитет, токму ова ќе услови најпрвин на повисоките места а потоа и на некои од пониските врнежите од дожд да поминат во снег, на повисоките и на планинските места ќе се формира и зголемува снежната покривка додека понекаде на пониските ќе се формира потенка снежна покривка, особено на запад и на север од државава.

Локални послаби врнежио од снег ќе има и во текот на утрешниот ден како и во среда а ќе дува засилен, повремено силен ветер од северен правец кој на моменти локално ќе достигнува брзина од над 70 км/час.

Максималните дневни температури во текот на утрешниот ден ќе се искачуваат во интервалот од -1 до 8 додека најстудено ќе биде во среда кога максималните дневни температури ќе се искачуваат  во интервалот од -4 до 6 степени, во четврток наутро ќе биде особено студено кога минималните температури понекаде ќе се спуштат до -10 степени, на повисоките и планинските места и под -10 степени.

Поради ниските температури кој се очекуваат следниот период растат условите од појава на голомразица па така особено на возачите им препорачуваме да бидат крајно претпазливи, особено доколку минуваат низ планинските превои.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

11.02.2019 - 18:51

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега