СДСМ: Непотизам и партизација на институциите се одлика на криминалната ВМРО-ДПМНЕ

Непотизам и партизација на институциите се одлика на криминалната ВМРО-ДПМНЕ која 11 години масовно ги партизираше и злоупотребуваше институциите, велат во соопштение од СДСМ.

„Таквиот однос кон државните институции и администрацијата заврши со заминување на ВМРО-ДПМНЕ во опозиција.

Денес процесите за вработувања се законски, јавни и транспарентни . Сите вработувања се согласно план, потреба и програма на самата институција, а за сите кандидати важат еднакви услови и критериуми. Секоја има еднакви можности за работа.

Државните институции и јавната администрација, работат слободно, независно, одговорно, професионално и единствено во интерес на граѓаните, наместо во интерес на партиите, како што беше за време на 11 годишното криминално владеење на ВМРО-ДПМНЕ.

ВМРО-ДПМНЕ не може да се помири со фактот што Македонија конечно тргна напред , дека невработеноста се намалува, платите растат, а  економијата се движи во вистинска насока“ стои во соопштение од партијата на СДСМ.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

11.02.2019 - 18:38

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега