ЕЛЕМ потврди дека кај нив е вработен синот на пратеничката Стојчевска

Виктор Стојчевски, син на пратеничката Мира Стојчевска од СДСМ, е примен на работа во ЕЛЕМ откако ги исполнил сите критериуми од конкурсот, потврди ЕЛЕМ.

„АД Државни електрани на Македонија ја известува јавноста дека лицето Виктор Стојчевски е примен во редовен работен однос во компанијата по претходно објавен оглас за вработување. За работното место за кое конкурирал, наведениот ги исполнувал сите критериуми наведени во огласот. Комисијата одлучила почитувајќи ги сите законски одредби”, се вели во соопштението.

Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски, на прес-конференција обелодени дека синот на пратеничката Виктор Стојчевски од денес почнал да оди на работа. Тој смета дека власта го скрила ова вработување потенцирајќи дека јавноста треба да знае дали синот на Мира Стојчевска е вработен во ЕЛЕМ.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

11.02.2019 - 17:48

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега