МВР со детали за пожарот во затвор „Идризово“

Двајца затвореници во затвореното одделение во затворот „Идризово“ изутринара подметнале пожар кој веднаш бил изгаснат од затворската полиција.

Како што информираше за МИА директорот на затворот Боби Мојсовски, веднаш по пријавата на полицајците била повикана противпожарна единица, но не интервенирала бидејќи веќе огнот бил локализиран од обезбедувањето на затворот.

-Затворениците беа сослушани од управата и од МВР и во моментов се издвоени во самица, рече Мојсовски.

Според него, нема причинета материјална штета.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

11.02.2019 - 17:26

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега